Бруклин соопшти колку време ќе паузира Дурант (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бруклин нетс го доби дербито против Мајами хит, но го загуби најдобриот кошаркар Кевин Дурант, кој заработи повреда во третата четвртина.

Иако имаше шпекулации дека станува збор за сериозна повреда, меѓутоа деталните медицински прегледи покажаа дека Дурант би требало да паузира еден месец.

Новинарот на „ЕСПН“, Едријан Војнаровски објави дека Дурант ќе биде подготвен да заигра на почетокот на следниот месец и тоа се одлични вести за еден од кандидатите за шампионскиот прстен.

Дурант во просек постигнува по 29,7 поени, 6,7 скокови и 5,3 асистенции по натпревар оваа сезона.