Бруно Фернандес отрки дека се договорил со клуб од Премиер лигата, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бруно Фернандес беше името кое долго се поврзуваше со заминување од Спортинг Лисабон и преселба во Премиер лигата.

Сепак, таков трансфер не се реализира па 24 годишниот португалски репрезентативец остана во таборот на Спортинг.

Сега тој истакна дека постигнал договор со Тотенхем, меѓутоа неговиот тим одбил да го продаде затоа што верувале дека не е понудена вистинската цена за него.

„Како што знаете, Тотенхем имаше многу понуди за мене. Со мене се беше договорено, или требаше да биде. Никогаш немав големи барања, мојот менаџер одлично се носи со тоа, а со Тотенхем имаше услови кои ми се допаднаа. Сепак, Спортинг кажа дека цената не е доволна, а јас морав да ја почитувам одлуката“ –откри Бруно Фернандеш кој долго време се поврзуваше и со трансфер во Манчестер Јунајтед.