Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Малкумина би одбиле вакви пари, а Бруно Фернандеш покажа дека парите не се на прво место и така стана апсолутен миленик на навивачите на Манчестер Јунајтед.
Ноќта пред полуфиналето на Лигата на нациите помеѓу Германија и Португалија во Минхен, капитенот на Манчестер Јунајтед и фудбалерот на Португалија, Бруно Фернандеш откри дека добил “неморална понуда”.
Саудиска Арабија стана прибежиште за многумина, а Бруно доби покана од Ал Хилал, но веќе на почеток ја одби можноста за одење.
Фернандеш тоа го потврди за медиумите, и истакна дека ја одбил понудата по разговорот со Рубен Аморим и неговото семејство, а причините ги воодушевија навивачите на Манчестер Јунајтед.
“Претседателот на Ал Хилал ме повика пред месец дена и ме праша дали постои можност да дојдам. Ми требаше краток период за размислување.
Јас бев спремен да одам само под еден услов, а тоа е ако Манчестер Јунајтед ми каже дека не ме сака, тогаш би сметал дека е најдобро да си одам”, вели Фернандеш.
Фото: Grok AI