До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бруно Фернандеш повторно е херој на Манчестер Јунајтед. Иако не постигна гол, повторно забележа две асистенции во победата над Астон Вила со резултат 3:1.
Бруно така стигна до својата 16-та асистенција оваа сезона на Премиер лигата, со што го престигна рекордот кој го постави Дејвид Бекам. Тој во сезоната 1999/2000 во дресот на Јунајтед има 15 лигашки асистенции, што до вчера беше рекорд на „Театарот на соништата“.
Бруно не го крие одушевувањето поради влезот во историјата на Јунајтед.
„Имам најмногу асистенции во дресот на Јунајтед во една сезона? Најважно ми е да бидеме врвни до крајот на сезоната”, рече Бруно.
Инаку, на таа листа, Бруно е прв со 16, Бекам втор со 15, додека неговиот сонародник Нани има 14 асистенции во сезоната 2010/11.
Исто така, се разгори дебата околу статусот на Бруно, откако зимата, додека таму сè уште беше Рубен Аморим, најави потенцијално заминување од клубот. Сепак, ситуацијата се промени сосема со Мајкл Керик. Бруно сега е задоволен и доколку Јунајтед обезбеди пласман во Лигата на шампионите, што изгледа повеќе од извесно, Португалецот сака да остане и следната сезона.
Тој за Јунајтед одиграл 319 натпревари, дал 105 гола и забележал 103 асистенции и без дилеми влезе во клупските легенди, иако има само два трофеи – ФА и Лига куп.
Бруно има договор до летото 2027 година, но и опција да се активира клаузула по која би се продолжила соработката до јуни 2028 година.
















