Брутален тренинг на поранешниот боксер, Мајк Тајсон се враќа во рингот!? (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На интернет се појавија видео-снимки на кои може да се забележи како Мајк Тајсон тренира во полн интензитет. Ова не би било чудно доколку боксерот нема 53 години и доколку не се пензионираше одамна.

На снимките може да се забележи дека има неверојатна брзина на удари, а медиумите веќе почнаа со шпекулации за неговиот потенцијален ривал доколку се случи негово враќање во рингот.

Англичаните сакаат трета борба со Евандер Холифилд со кој Тајсон имаше навистина брутални борби.

Тајсон кажа дека би се борел уште годинава во борба од хуманитарен карактер, односно за собирање на пари за погодените од Ковид-19.