Брутална тепачка меѓу навивачите на Ботафого и Пари Сен Жермен (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Покрај тоа што дневната (ноќната) вест од Светското клупско првенство е победата на Ботафого против европскиот шампион Пари Сен Жермен, овој натпревар беше обележан и со масовна тепачка на навивачите на трибините.

До тепачката меѓу навивачите на Ботафого и Пари Сен Жермен дојде пред почетокот на натпреварот на легендарниот стадион Роуз Боул во Калифорнија.

За време на тепачката, неколку навивачи ја губеа рамнотежата и паѓаа на трибините, но тоа не ги спречуваше останатите да продолжат да ги удираат. Еден од навивачите на Пари Сен Жермен му застана на глава на навивач на Ботафого додека овој лежеше на трибините.

Фото: Принтскрин