Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
По натпреварот од младинските тимови на Спартак Трнава и Слобода од Ужице, кој заврши со победа на гостинскиот тим со резултат од 2:1, настана невидена тепачка во која учествуваа бројни актери и навивачи, што предизвика хаотични сцени на теренот.
Во жестоката пресметка која следеше по последниот свиреж на судијата, физички беа нападнати и главниот арбитер како и неговиот помошник, со што безбедноста на службените лица беше сериозно загрозена.
Ситуацијата на крајот се стави под контрола, но снимките од истата се проширија на социјалните мрежи низ цела Македонија и регионот. Како изгледаше, погледнете подобро во снимката подолу.
Фото: Принтскрин