Брутална тепачка во регионот, фудбалерите беа во шок, еден навивач се бори за живот (Видео)


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Војводина беше декласирана од Спартак со 1:3, замина Ненад Лалатовиќ, но тоа не се најлошите вести од Нови Сад.

Имено, во недела вечер беше забележан хаос на стадионот „Караѓорѓе“, каде што дојде до меѓусебна тепачка на домашните навивачи!

Една група од навивачите на Војводина, позната како „Фирма Лиман“, навиваше на овој натпревар од Истокот, кога врз нив насрнаа другите од северната трибина.

Толку брутално ги тепаа, што еден навивач заврши во Ургентниот центар и се наоѓа во тешка состојба, додека на снимката може да се види како навивачите еден на друг насочуваат факли.

.