Брзите тестови за да влезете на стадионот во Букурешт ќе се плаќаат по осум евра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонските навивачи на 13 јуни ќе го окупираат Букурешт за да го гледаат деби натпреварот на Македонија против Австрија на Европското првенство.

Постојат повеќе начини за да влезете на стадионот во Букурешт каде што Македонија ќе одигра две меча, едниот против Австрија и вториот против Украина.

На стадионот можат да влезат сите кои се вакцинирани со втора доза на 10 дена од аплицирањето, по што сите може да влезат кои ќе имаат негативен ПЦР-тест со важност од 72 часа, како и прележан ковид-19 помеѓу 15 и 90 дена.

Секако, постои и една побрза опција, а тоа е брз тест направен на 24 часа пред почетокот на натпреварот, кој ќе се наплаќа по осум евра.

Доколку исполните било кој од наведените услови, тогаш ќе добиете посебна алка на рака со која може да влезете на стадионите, а исто така тие ќе мора да ги носите во текот на целиот меч.