Брзо ја заборави желбата за заминување: Погба изјави дека ужива во Манчестер Јунајтед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот фудбалер, Пол Погба истакна дека ужива играјќи во Манчестер Јунајтед по враќањето од повредата која го мачеше цела сезона.

Играчот од средниот ред формира супер партнерство со Бруно Фернандеш со кого веднаш се вклопија и царуваат во средината на теренот на „Ѓаволите“.

„Може да кажете дека тимот напредува многу. Играме многу повеќе како тим отколку претходно, уживаме многу повеќе, се браниме меѓусебно, напаѓаме меѓусебно и овој тим е доста силен исто така. Едноставно уживам.

Уживам само кога ги гледам Бруно, Рашфорд, Марсијал и Мејсон кои го играа и последниот натпревар. Само продолжувате да аплаудирате, навистина е убаво“ –изјави Погба.