До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Џанлуиџи Буфон проговори за вечната дебата меѓу фудбалските приврзаници – кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лионел Меси? Буфон објасни на постарите, како и на помладите фанови како навистина би требало да се гледа на таа ситуација.
Италијанската голманска легенда Џанлуиџи Буфон е еден од ретките кои имаат привилегија да зборуваат од прва рака за Кристијано Роналдо и Лионел Меси, бидејќи со едниот делеше соблекувална, а против другиот водел бројни големи битки.
Откако Роналдо и Меси станаа глобални фудбалски икони, светот на фудбалот живее во вечна дилема: кој е подобар?
Тоа е прашање што ги дели навивачите, експертите и поранешните играчи, а одговорот зависи од аголот од кој се гледа.
„Тие се два потполно различни играчи. Меси е покомплетен бидејќи започнува подлабоко, има поголема техничка квалитет и визија на играта која е поблиску до плејмејкерот отколку класичниот завршувач“, рече Буфон зборувајќи за Аргентинецот.
„Кристијано, особено последните години, се специјализираше за улогата на убиец во казнениот простор. Подобро ја управува својата енергија и кога ќе ја добие топката во шеснаесетката, ретко греши – тогаш речиси секогаш постигнува гол“, рече Буфон.
















