Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот ветеран Џанлуиџи Буфон даде интервју за француски „Л’Екип“, каде што откри детали од неговата кариера и сезоната која ја мина во дресот на ПСЖ.
Искусниот голман се потсети на елиминацијата на ПСЖ од Лигата на шампиони во сезоната 2018/19. ПСЖ славеше во првиот меч со 2-0 на гости, но во реваншот загуби од Манчестер јунајтед со 1-3, а Буфон ја призна вината за неуспехот.
„На тој натпревар помислувам четири пати неделно. Кога ќе се сетам лошо се чувствувам, сигурен сум дека таа сезона ќе стигневме до финалето. Во Манчестер игравме одлично. Јас сум виновен за тој пораз. На мене како најискусен во натпреварот не смееше тоа да ми се случи. Бевме убедени дека реваншот е само формалност. Не сметавме дека тој натпревар е важен затоа што тие практично имаа два здрави играчи и девет јуниори. Никогаш таква стуација не ми се случило во кариерата, никогаш така не сум се опуштил во толку важен натпревар“, призна Буфон.