Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон нема намера да ја заврши професионалната кариера, иако има 43 години.
Буфон следната сезона ќе го носи дресот на Парма, а во изјава за „Скај Спорт“ кажа дека би можел да стои меѓу стативите уште неколку години.
„Убеден сум дека можам да бранам добро уште во следните четири-пет години“, вели Буфон.
Буфон ја почна професионалната кариера уште во 1995 година во дресот на Парма, а од 2001 до 2018 година го бранеше голот на Јувентус.
Една сезона мина во ПСЖ, по што повторно се врати во гигантот од Торино, каде што имаше улога на резервен голман, а откако му заврши договорот реши да се врати во Парма.