Буфон објасни зошто го напуштил ПСЖ: Понудата беше примамлива, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џанлуиџи Буфон по само една сезона помината во ПСЖ реши да го напушти францускиот шампион. Легендарниот 41-годишен голман ја освои титулата во првенството, а се бореше за место во првиот тим со 26-годишниот Алфонсо Ареола.

Буфон откри дека ПСЖ му понудил улога на втор голман за следната сезона зад младиот ривал, па поради тоа го напуштил „Паркот на Принцовите“.

„ПСЖ пред пет месеци ми кажа дека ќе ја добијам улогата на втор голман во новата сезона. Од јануари имав многу време да размислам и дојдов до заклучок дека тоа не е за мене. Нивното барање беше легитимно и разбирливо, па и понудата беше примамлива. Меѓутоа, такво нешто не е за мене“, вели Буфон.