Буфон пред заминување во пензија има само една желба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Џанлуиџи Буфон го напушта ПСЖ по само една сезона, а „Дејли Мејл“ пишува дека е јасно каде ќе ја заврши кариерата.

Англичаните тврдат дека Италијанецот има намера да го освои златниот медал на Олимписките игри во 2020 година и така да се прости од фудбалот.

Поранешниот голман на Парма, Јувентус и италијанската репрезентација заминува од ПСЖ по 25 одиграни меча во кои прими 25 гола и го освои француското првенство и Суперкупот.

Тој беше ангажиран за да се зголемат шансите за освојување на Лигата на шампиони, но Французите го обвинија за елиминацијата од Манчестер јунајтед во осминафиналето на натпреварувањето, а тој реши дека времето во Париз му завршило.