Бундеслигата го објави конечниот распоред до крајот на сезоната


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Следниот викенд ќе продолжи германската Бундеслига. Германците решија да ја изиграат сезоната до крај, а натпреварот од 26 коло ќе се игра на 16, 17 и 18 мај.

Во сабота ќе се соочат Борусија Дортмунд-Шалке, Лајпциг-Фрајбуг, Хофенхајм-Херта, Фортуна Дизелдорф-Падерборн, Аугсбург-Волфсбург и Ајнтрахт Франкфурт-Борусија Менхенгладбах.

Ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Келн и Мајнц, како и Унион Берлин – Баерн Минхен, а колото ќе заврши во понеделник со мечот Вердер Бремен – Баер Леверкузен.

Познати се и датумите на натпреварите од 27 до 34 коло, со што ќе биде завршена сезоната во Германија, а може да ги погледнете ТУКА.