Бундеслигата може да почне, но постојат три услови!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бундеслигата треба да почне во мај. Претходните денови неколку екипи почнаа со тренинзи, а од утре се очекува и Баерн Минхен да го направи истото.

Докторот Александер Кекуле смета дека Бундеслигата би можела да почне повторно во мај, но во одредени услови. Ќе се игра пред празни трибини, додека играчите мора да се придржуваат до некои мерки.

„Проблемот би можел да биде решен, но само ако за фудбалерите се направи посебен ‘балон’. Екипите мора да бидат во посебни карантини, а на располагање треба да има 20.000 тестови на коронавирус, кои ќе се користат постојано“,вели докторот.

Третиот услов е фудбалските тимови да дадат специјални дозволи за движење затоа што во Германија поради пандемијата на коронавирусот важат мерки на ограничено движење.