Бундеслигата продолжува на 9. мај со строги правила за клубовите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германската Бундеслига ќе продолжи на 9-ти мај.

Денеска ќе се одржи состанок помеѓу лидерите на Бундеслигата, клубовите и министрите за спорт, по што треба официјално да се потврди продолжението на сезоната од 9. мај.

Германските клубови веќе тренираат. Се разбира, сите се придржуваат кон правилата за социјална дистанца, а правилата што клубовите ќе треба да ги почитуваат се подготвени.

Дие Шпигел дојде во сопственост на документ потпишан од Фудбалската асоцијација на Германија во консултација со здравствените власти и во него се дадени јасни упатства за продолжување на сезоната.

Во него се споменува продолжението на првенството закажано за 9. мај, а правилата за екипите ќе бидат многу ригорозни.

Она што се очекуваше е дека нема да има заедничко излегување на теренот, нема да има поздравување, како и заеднички фотографии од тимовите. Исто така, нема да има маскота, а во наредните неколку месеци фудбалот ќе се игра без навивачи.

Тренинзите ќе продолжат да бидат зад затворени врати. Целиот тим ќе може да работи во исто време, а на играчите ќе им се измери температурата после секоја тренинг сесија.

Медиумското покривање исто така ќе биде ограничено и ќе има максимум 300 луѓе на стадионите.