Бундеслигата продолжува вечерва со градско дерби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот во Бундеслигата ќе продолжи со натпреварот Херта – Унион Берлин, кој ќе се игра од 20:30 часот.

27-то коло од Бундеслигата е пред нас, второто по враќањето по двомесечната пауза предизвикана од пандемијата на коронавирус, а берлинското дерби на Олимпискиот стадион ќе биде голема увертира за она што нè чека.

Во последното коло, под диригентската палка на новиот тренер Бруно Лабадија, Херта го надигра Хофенхајм во Синсим со 3:0, а фокусот беше на Ведад Ибишевиќ и на соиграчите бидејќи кршеа одредени мерки и правила на ДФЛ, не грижејќи се за социјална дистанца за време на пославата на головите.

Ибишевиќ е исто така во фокусот на германските медиуми поради фактот дека на возраст од скоро 36 години игра повторно „како 18-годишник“ и очигледно ќе ја добие довербата на неговиот поранешен тренер Лабадија дури и пред поранешниот напаѓач на Милан, Пјонтек.

“Иако условите се невообичаени, јас со нетрпение го чекам петок. На крајот на краиштата, тоа е дерби. Тоа е специјален натпревар со емоции. Сигурен сум дека не треба многу за играчите да бидат мотивирани за овој натпревар. Нашата главна цел е опстанок во Бундеслигата и победата над Херта ќе ни помогне многу“, рече тренерот на Унион Берлин, Урс Фишер.

За разлика од Херта, неговиот тим започна слабо со пораз од Баерн на домашен терен со 2-0 минатата недела.

Унион, првиот клуб од Источен Берлин кој стигна до Бундеслигата, е на 12-то место и има седум бода повеќе од местото што води до разигрување за останок. Херта во моментов е на 11-то место со бод повеќе од нивниот ривал.