Бунт на „Сан Сиро“: Фудбалер на Милан планира да замине од клубот!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ситуацијата во Милано дополнително се закомплицира по градското дерби со Интер, а освен поразот од директниот конкурент за местото кое води во Лигата на шампиони, имаше и караница меѓу Френк Кеси и Лукас Билја.

Клубот не остана без коментар на тоа, па ги казни и двајцата, но сега се подготвува бунт од страна на репрезентативецот на Брегот на слоновата коска.

Веќе некое време се шпекулира за заминување на фудбалерот од Милано, а се споменуваа клубови како што е Арсенал, кој планира да го ангажира наредното лето.

Останува да се види што ќе се случи со фудбалерот на Милан, но засега италијанските медиуми пишуваат дека ситуацијата на „Сан Сиро“ не е идеална.