Бунт во Барселона: Не му се пишува добро на Валверде, Каталонците му свртеле грб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона во саботата беше поразена од Гранада со 0-2 во рамки на петтото коло во шпанската Ла Лига и така ја продолжија серијата на лоши резултати на гостински терен.

Шпанскиот шампион, сметајќи ја и минатата сезона, запиша само една победа во осум меча надвор од „Камп Ноу“ во домашниот шампионат.

Клубот од Каталонија славеше во сите домашни средби со гол-разлика +16, но во гости не им оди најдобро, па трипати ремизираа и четири пати загубија со гол разлика -9.

Каталонците се во голема криза, а тоа создаде бунт во соблекувалната, па тренерот Ернесто Валверде е на удар на навивачите и медиумите, но и од фудбалерите.

Тоа воопшто не е добро за Валверде, кој не е посакуван во екипата, па доколку наскоро не ги поправи резултатите, тогаш би можел да се соочи со отказ.