Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арсенал ја почна ужасно сезоната во Премиерлигата, а тренерот Микел Артета не промени апсолутно ништо во екипата, па сега лондонскиот тим се наоѓа на 15. позиција во шампионатот.
Артета има проблеми и во соблекувалната, и тоа со фудбалерите Давид Луиз, Озил, Сократис и Џака, кои го обвинуваат младиот тренер за лошите резултати на Арсенал.
Газдите никако не можат да бидат задоволни по овие ужасни настапи на премиерлигашот, но засега нема да му дадат отказ на Артета, иако како минува времето, така се приближува тренерот до пакување на куферите.
Артета ќе остане до крајот на годината, а Арсенал го чекаат дуели со Саутемптон, Евертон, Манчестер сити, Челси и Брајтон.
Масимилијано Алегри е фаворит според обложувалниците, но во конкуренција се и Патрик Виера и Томас Тухел.