Бунтовникот доби лекција: Челино му ја „тресна“ вратата пред нос на Балотели


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Бреша, Mасимо Челино не се појави на договорениот состанок со контроверзниот фудбалер Марио Балотели.

Напаѓачот пред неколку дена го напушти изненадно тренингот на клубот, по што почнаа шпекулациите за тоа дали ќе остане во екипата.

Италијанските медиуми пишуваат дека Челино и Балотели требало да имаат состанок во петокот, но првиот човек на Бреша намерно не се појавил и така му одржал лекција на напаѓачот.

Претседателот на клубот, наводно, не го сака повеќе Балотели во својот тим и ќе гледа да се ослободи од него, иако тој има договор до 2022 година.

Бреша е на разочарувачкото последно место во Серија А со само 16 освоени бодови.