Бура на повидок во ПСЖ: Меси ги разочара навивачите по голот на Мбапе!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) славеше против Реал Мадрид со 1-0, а голот за триумф го постигна Килијан Мбапе во последните моменти од натпреварот.

Пред голот, Лионел Меси промаши пенал, но Аргентинецот по погодкот на ПСЖ повторно беше критикуван.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека Меси не го слави голот со соиграчите.

Додека Мбапе го славеше погодокот, сите фудбалери трчаа кон него, а само Меси остана во казнениот удар.

Меси не игра најдобро во Париз, односно е далеку од формата која ја имаше во Барселона, а неговиот последен потег предизвика голема бура.