Бура во Шпанија: „Ел Класико“ ќе го води судија кој се сликал со дрес на Реал Мадрид?


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Пред најголемиот натпревар во шпанскиот фудбал меѓу Реал Мадрид и Барселона, кој ќе има големо влијание врз шампионската титула се случи промена на главниот судија на ден пред мечот.

Матео Лахоз се повреди за време на натпреварот од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, па нема да може да суди на големото дерби.

Тоа што предизвика голема бура е неговата замена, а станува збор за Хесус Хил Мансано, кој е омразен меѓу навивачите на каталонскиот тим, зашто немаа добри искуства со него.

Дополнителен револт постои и поради фактот дека Мансано се сликаше со дресот на Реал Мадрид, а потоа испадна дека тоа бил подарок за неговата внука.