Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Килијан Мбапе немаше право да игра на натпреварот против Атлетик што го играше Реал Мадрид вчера во рамките на 32. коло од шпанското првенство. Францускиот напаѓач ја одслужуваше суспензијата поради црвениот картон добиен за груб прекршок во натпреварот против Алавес. Беше на трибините, а еден навивач ја снимил неговата реакција при голот на Феде Валверде во 93. минута за победата на Реал со 1:0.
Да потсетиме, Мбапе беше исклучен откако направи остар старт врз играчот од средниот ред на Алавес и поранешен играч од академијата на Реал, Антонио Бланко. Мбапе започна дуел со високо крената нога и со чепињата го погоди Бланко во потколеницата, користејќи “прекумерна сила”, како што стои во извештајот на судијата Сесар Сото Градо.
Иако судијата првично покажа жолт картон, по интервенција на ВАР и разгледување на снимката на мониторот покрај теренот одлучи да ја промени одлуката во црвен картон.
Славењето на Мбапе брзо стана вирално и можете да го видите ОВДЕ. Ас го опишува сè како “реакција која не треба да се пропушти”.
Фото: Принтскрин