Бурно лето во Лондон: Кејн и Сон ќе го напуштат Тотенхем!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем загуби на гостувањето кај Динамо Загреб во Лигата на Европа со 0-3, а англиските медиуми ги критикуваа фудбалерите на лондонскиот тим.

По натпреварот зборуваше и Питер Крауч, кој кажа минатата ноќ Хари Кејн и Хеунг-Мин Сон разбрале дека време да си заминат од Лондон.

„Нивната сезона сега завршува. Кога гледам како Хари Кејн излегува од теренот со спуштена глава затоа што беше исфрлен од Динамо, мислам – добро, тој е играч за Лигата на шампионите, не би сакал да го игра ова натпреварување. Тој припаѓа во друштвото на Мбапе, Роналдо, Халанд, Меси … “, изјави Крауч.

Крауч смета дека двајцата фудбалери заслужуваат да бидат дел од Лигата на шампиони.

„И тој и Сон заслужуваат да бидат дел од Лигата на шампионите, а не од Лигата на Европа и мислам дека по поразот од Динамо, двајцата се подготвени да го сменат тимот следното лето. Тие не го заслужуваат ова”, додаде Крауч.