Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона победи со 1-0 против Гранада во дебито на тренерот Кике Сетиен, кој го урна клупскиот рекорд затоа што Каталонците имаа 1.005 додавања, повеќе од претходните натпревари.
Поседот на топката и напаѓачката игра се нешто што Сетиен сака да врати во играта на Барселона и во првиот меч се забележаа некои промени.
Серхио Бускетс доминираше на теренот, кој имаше повеќе додавања од цела екипа заедно на Гранада. Тој имаше 145 додавања, додека цел состав на Гранада го заврши дуелот со 130 додавања.
Колку беше важен Бускетс на теренот покажува и тоа што имаше 14 украдени топки, најмногу во тимот на Барселона, а втор по таа статистика беше Алба.