Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Чаби Алонсо би можел да го наследи Карло Анчелоти и да стане тренер на Реал Мадрид следната сезона. Поранешниот шпански фудбалер, кој минатата сезона го водеше Баер Леверкузен до двојната круна и доживеа само пораз во финалето на Лига Европа, наводно веќе преговара со мадридскиот клуб.
„Defensa Central“ пишува дека добил листа со имињата на шестмина играчи на Реал кои би можеле да го напуштат клубот во летниот преоден рок. На едни повеќе не сметаат, за други чекаат добри понуди, додека трети би можеле да побараат трансфер, но засега ниту еден не е потврден.
Фудбалерите кои би можеле да го напуштат Реал во летниот преоден рок, според Defensa Central:
1. Голман Андриј Лунин, 26 години, 12 настапи во сезона
2. Бек Хесус Ваљехо, 28 години, 1 настап во сезона
3. Лев бек Ферланд Менди, 29 години, 31 настап во сезона
4. Десен бек/десно крило Лукас Васкес, 33 години, 47 настапи во сезона
5. Врска Лука Модриќ, 39 години, 52 настапи во сезона
6. Напаѓач Родриго, 24 години, 50 настапи во сезона
Фотографија: Принтскрин
.