Чаби Алонсо добива работа од соништата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот Шпанец, Чаби Алонсо не крие дека сака да стане голем тренер, а посебно е воодушевен од соработката со Пеп Гвардиола, кој во финишот на кариерата го донесе во Баерн Минхен.

Тие двајца соработуваа две сезони во Бундеслигата и заедно освоија две титули во германскиот шампионат, Купот и Суперкупот на Германија.

Денеска беше објавена шпекулација дека Алонсо повторно би можел да соработува со Гвардиола, односно да го замени Микел Артета и да му стане негов прв помошник.

Алонсо во моментов е тренер на Реал Сосиедад Б, а има амбиција да стане прв тренер на некој голем клуб, а можеби најдобар начин е да тргне по патот на Артета, кој Пеп минатата зима го „пушти“ во Арсенал.