Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо им се обрати на новинарите пред првенствениот натпревар против Валенсија, а главна тема беше „случајот со Винисиус“ по инцидентот на Ел Класико. Алонсо беше решителен и стави точка на тоа прашање, нагласувајќи дека ситуацијата е решена во рамките на тимот и дека сега фокусот е исклучиво на фудбалот.
И покрај бројните прашања за бразилскиот напаѓач, неговото извинување и соопштението во кое не го спомна тренерот, Алонсо беше јасен. „Во средата, по два дена одмор, имавме состанок со сите. Вини беше многу добар, беспрекорен, зборуваше од срце, искрено и јас бев многу задоволен. Од тогаш работата е затворена“, рече Алонсо и додаде дека нема да има никакви санкции.
Тој го пофали и соопштението на Винисиус: „За мене тоа беше многу вредно, многу позитивно соопштение кое ја покажа неговата искреност. Зборуваше од срце, за овој клуб и за тоа што сака да даде.“
 
            