Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чаби Алонсо беше еден од најдобрите фудбалери на неговата позиција, а настапуваше за Реал Мадрид, Ливерпул и Баерн Минхен во својата кариера.
Алонсо неодамна разговараше со Џејми Карагер и така раскажа дел од неговите спомени од кариерата, во која има и лоши моменти.
Поранешниот фудбалер за најлош момент го избра поразот на Реал Мадрид од Барселона со 0-5.
„Натпреварот кој го загубивме во Каталонија со 0-5, тоа беше најлошата ноќ која ја доживеав на теренот. По 20 минути сакав да го напуштам теренот и да заминам дома. Да се истуширам и да си заминам, тоа беше навистина болно. Ни помогна во решителноста за следната сезона, зашто дознавме дека ако сме добри, тогаш ќе сакаат да ни наштетат на теренот“, вели Алонсо.