Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот фудбалер Хакан Чаланоглу пристигна во Милан во 2017 година од Баер Леверкузен, но сепак не успеа да ја покаже играта, која ја имаше во Бундеслигата.
Токму поради тоа се шпекулира дека најдобро за Чаланоглу би му било да го напушти клубот, а англиски „Дејли Стар“ пишува дека за него се заинтересирани Лестер сити и Вест хем јунајтед.
Англискиот медиум пишува дека „росонерите“ за својот фудбалер сака да добие барем 26 милиони фунти, а тоа наводно не би бил голем проблем за споменатите екипи.
Инаку, Чаланоглу сезонава одигра 41 меч за Милан и постигна два гола и 13 асистенции.
Да потсетиме, неговиот трансфер од Баер во Милан пред две години чинеше околу 20 милиони фунти.