Чави ѝ направи трошок на Барселона поради 20-годишно момче


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона со изменет состав патуваше на гостување во Мајорка и успеа да слави со 1-0, а деби за Каталонците имаше и 20-годишниот Алваро Санц.

Каталонскиот гигант го купи во 2015 година во трансфер чија вредност може да стигне до 2,5 милиони евра.

Талентираниот фудбалер полека ги исполнува клаузулите од договорот, а една од нив беше поврзана со деби за првиот тим кој се случи во неделата.

Барселона мора да испрати дел од парите, а исто така ако Санц стигне до 10 натпревари за првиот тим, тогаш ќе бидат исплатени 2,5 милиони евра.

Најпрво потпиша за кадетите на Барселона, а полека напредуваше низ младинските селекции и сега е член на Барселона Б.

Против Мајорка помина 19 минути на теренот, а тоа беше доволно да се активира клаузула и така да ѝ направи непланиран трошок на Барселона.