Чави ептен го налути: Рафиња кршеше столче поради измената (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона одигра 2-2 против Манчестер јунајтед во првиот осминафинален натпревар од Лига Европа, откако Рафиња ги спаси Каталонците од пораз.

Тренерот Чави реши да го замени Рафиња во финишот од мечот, а тоа го изнервира Бразилецот, кој бесот го истури врз столчето.

Бразилецот удираше по столчето, по што му се извини на тренерот Чави, а тој му посочи дека нема потреба од такво нешто, туку сака такви фудбалери кои се борбени.