Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Барселона води преговори со катарски Ал-Сад за да го ангажира Чави Ернандез, а и поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант кажа дека сака да се врати во екипата.
Раководството на Барселона разговараше со главните луѓе на Катар, кои не сакаат пари за нивниот тренер, туку да закажат пријателски натпревар во Катар.
Каталонската екипа ќе треба да гостува во Катар кај Ал-Сад, а тоа ќе им донесе многу пвеќе пари на шеиците отколку да се исплати откупната клаузула.
„Разговарав со луѓето од Барселона пред неколку дена. Сега сѐ зависи од тимовите. Тие треба да се договорат. Сакам да се вратам дома и се надевам дека тоа ќе се случи наскоро“, вели Чави.