Чави ги налути навивачите: Требаше да бидеме први во Ла Лига, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона одигра уште еден лош натпревар, но славеше против Селта виго со 2-1 откако Роберт Левандовски во 97. минута реализираше удар од белата точка.

Тренерот Чави Ернандез по натпреварот кажа дека завчера добил статистика според која Барселона требало да биде прва во Ла Лига.

„Мислам дека не бевме добри во последната третина од теренот. Сепак, среќен сум поради победата. Добив статистика која покажува дека требало да бидеме први во Ла Лига. Ако ги земеме во предвид шансите кои сме ги имале, тогаш јасно се гледа каде е нашата позиција. Меѓутоа, ни недостига завршница на истите“, кажа Чави.