Чави го пофали талентот: Јамал е сличен на Меси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона го прегази Бетис со 4-0 и се врати на победнички патеки по поразот од Рајо Валјекано, а тренерот Чави Ернандез му даде шанса на младиот Ламин Јамал, кој стана најмладиот дебитант за каталонскиот тим.

Јамал дебитираше за Барселона на само 15 години, девет месеци и 16 денови и имаше одлична шанса за гол, но не ја искористи.

„Ламин е многу добар фудбалер. Му кажав да се обиде да биде опасен. Има само 15 години, а за малку ќе дадеше и гол. Кога го гледам на тренинзи, чувствувам дека може да стане важен фудбалер. Јамал е сличен на Меси“, кажа Чави.