Чави и Алвес беа само почеток: Иниеста се враќа за да ѝ помогне на Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез седна на кормилото на Барселона, и тоа шест години откако го напушти каталонскиот гигант, а сега во екипата пристигна и Дани Алвес.

Чави и Алвес ќе бидат од голема помош на Барселона која е во криза, а во тимот би можел да им се приклучи и Андрес Иниеста, кој игра за Висел Кобе.

„Не знам што ќе се случи во иднина, но знам дека сакам да се вратам во Барселона. Не знам во која улога, но Каталонија е мојот дом. Јас ја следам екипата од далечина и жал ми е поради сегашната ситуација, кога работите не одат како што сакаме, тогаш страдаат навивачите“, вели Иниеста.