Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона синоќа во Саудиска Арабија беше поразена од Реал Мадрид по продолженија со 3-2 и нема да игра во финалето на Суперкупот на Шпанија.
Каталонскиот гигант добро издржа против фаворитот Реа Мадрид, но сепак беше поразен на крајот, иако тренерот Чави и фудбалерите се горди поради напредокот.
Реал славеше на последните четири натпревари во „Ел Класико“, а Барселона чека триумф против лутиот ривал уште од 2019 година.
„Имам измешани чувства, зашто од една страна бевме блиску до победата, но од друга страна доминиравме во одредени делови. Засега ни недостига искуство и одговорност, но ова беше чекор напред“, вели Чави.
Слично мислење за поразот има и Роналд Араухо.
„Поразот боли, но во секој случај горд сум на момците, зашто игравме многу добро. Не ги спречивме да победат, но горд сум. Резултатите ќе си дојдат наскоро, мора да поправиме некои работи“, вели Араухо.