Чави: Мојата најголема желба е да се вратам на „Камп Ноу“ како тренер на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Чави Ернандез е еден од најдобрите фудбалери на Барселона во историјата, кадешто настапуваше од 1991 до 2015 година.

Во моментов Чави е тренер на Ал Сад, за кој настапуваше и во минатото, па сега доби нова мисија во клубот.

„Мојата најголема желба е да се вратам во Барселона и да бидам нејзин тренер. тоа е сон и цел, никако опсесија“, откри Чави во разговор со медиумите.

Чави за Барселона во кариерата одигра 769 меча, постигна 85 гола и имаше 184 асистенции, со кои стигна до 25 трофеи.