Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија дека Роналд Куман би можел да добие отказ на крајот на сезоната од Барселона, а како негова замена се споменува Чави Ернандез.
Куман пред неколку дена имаше состанок со Жоан Лапорта, но не се појавија повеќе информации за состанокот на тренерот и претседателот.
Холанѓанецот ќе ја предводи Барселона и во последното коло од сезоната, по што најверојатно ќе мора да го напушти гигантот, а на негово место ќе седне Чави.
Лапорта, наводно, разговарал со првиот кандидат за тренер, кој доаѓа во Барселона на одмор, иако фотографијата која се појави на социјалните мрежи покажува дека поранешниот фудбалер на Каталонците изгледа како да се сели во поранешниот клуб.