Чави не може да ја прифати елиминацијата: Не сме само ние виновни…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона испадна од Лигата на шампиони (ЛШ), откако го освои третото место во групата зад Интер и Баерн Минхен, а тренерот Чави Ернандез сè уште не може да ја прифати елиминацијата.

Каталонскиот гигант ќе игра и на пролет во европските натпреварувања, односно во Лига Европа, но тоа не му се допаѓа на Чави.

„Имавме свои шанси во Милано, кои не ги искористивме. Сè беше во наши раце, но не ги остваривме нашите цели. Сепак, сите натпревари не ги загубивме поради себе, туку и поради неколку судиски грешки“, вели Чави.