Чави не сака да ја преземе Барселона: Има премногу неспортски работи…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез потврди уште еднаш дека нема намера да ја преземе Барселона. Тој во разговори со француски медиуми откри дека пред неколку месеци му била понудена тренерската улога.

Чави тогаш ја одбил нивната понуда, а тврди дека истото ќе го направи и во овој момент.

„Не е вистински момент за враќање. Постојат многу неспортски работи околу клубот и сметам дека не е вистинско време. Го кажав тоа во јануари и од тогаш никој не ми се јави. Им посакувам само најдобро. Имам голема почит кон тренерот. Секогаш бев подготвен за нови предизвици и за мене ќе биде чест еден ден да го преземам клубот“, вели Чави.