Чави по победата во „Ел Класико“: Анчелоти ме изненади со изјавата за ВАР!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона славеше против Реал Мадрид со 2-1 во шпанската Ла Лига и направи чекор напред кон титулата.

Каталонскиот гигант има 12 бодови повеќе од вечниот ривал, но тренерот Карло Анчелоти не беше задоволен со ВАР-системот кој му поништи гол на Маркос Асенсио.

„Офсајд? Имаше дефинитивно, но Анчелоти ме изненади со неговата изјава. Сепак, не треба многу да дискутираме за тоа. Резултатот и победата е заслужена. Токму затоа го сакам ВАР-системот. Без него ќе беше потешко, а вака резултатот е реален“, кажа Чави.