Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона остана без нокаут-фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), откако загуби од Баерн Минхен со 0-3 и на пролет ќе продолжат да настапуваат во Лигата на Европа.
Поразот од Баерн и историскиот неуспех ќе донесе многу последици во каталонскиот гигант, а уште сега се најавуваат големи промени во тимот.
Новинарот Тони Хуанмарти кажа дека новиот тренер Чави Ернандез бил бесен по поразот на „Алијанц Арена“, па во соблекувалната во првите 30 секунди не кажал ништо, по што почнал да ги напаѓач фудбалерите.
„Вие не заслужувате да играте за Барселона, вие не знаете што значи тоа“, викал Чави на своите фудбалерите.
Шпанските медиуми пишуваат дека Чави не е задоволен со тројца играчи, кои ќе ги продаде во јануари, а тоа се голманот Марк-Андре Тер Штеген, Френки де Јонг и Сержињо Дест.
Барселона по 15 одиграни кола се наоѓа на седмата позиција во лигата и има шест бода помалку од Атлетико Мадрид, кој е на четврто место.