Чави со порака до ѕвездите: Кај мене нема недопирливи!


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Барселона славеше на тешкото гостување кај Лас Палмас со 2-1, а трите бодови ги обезбеди Илкај Гундоган од пенал во 93. минута.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез на 20 минути пред крајот го повлече од игра Роберт Левандовски, иако на неговата екипа ѝ требаше гол.

„Го заменив Левандовски затоа што ни требаа напаѓачи кои можат да нападнат зад одбраната, како што се Витор Роке и Феран Торес. Ова беше меч за играчи како Жоао Феликс, Рафиња и Ламин Џамал, а помалку за Роберт. Ова не е изненадување, кај мене нема недопирливи“, кажа Чави.