Чеферин го понижи Реал Мадрид како никој друг досега!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин беше жесток кон Реал Мадрид и Флорентино Перез поради приказните за создавање на Суперлига.

„Кралевите“ заедно со Јувентус и Барселона сакаат да формираат ново натпреварување, но УЕФА не попушти и се закани со суспензии.

„Перез и Реал мислат дека се елитен клуб кој не го интересира ништо друго и толку се важни што треба цел свет да им се поклони“, кажа Чеферин.

Очигледно претседателот на УЕФА не го поднесува Перез и застана во заштита на клубовите кои се против Суперлигата.

„Секогаш се жалеше што неговиот тим игра против помалите. Изгледа мисли дека е премногу важен во светот“, вели Чеферин.