Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На состанокот кој се одржа во Нион, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го промени финансискиот фер-плеј и воведе нов систем кој ќе важи за тимовите во иднина.
Клубовите, според новите правила, ќе можат да ги ограничат нивните трошоци за плати, трансфери и хонорари на агентите на 70 отсто од приходите.
УЕФА потенцира дека била потребна промена во финансискиот фер-плеј поради еволуцијата на фудбалската индустрија и неизбежните негативни ефекти од вирусот.
Контроли во клубовите ќе се вршат на секои четири месеци и ќе бидат санкционирани сите што не ги почитувале правилата.