Чеферин најави сериозни промени: ЛШ ќе ја гледаме во нов формат?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин кажа дека форматот на еден меч во нокаут-фазата би можел повторно да се користи во европските натпреварувања.

Чеферин кажа дека луѓето биле возбудени поради новиот формат на ЛШ. Поради пандемијата на ковид-19, ЛШ сезонава организираше „фајнл-ејт“ турнир во Лисабон, каде што екипите играа по еден меч во нокаут-фазата.

„Морам да кажам дека овој систем од еден меч ми се допаѓа и го прави фудбалот поинтересен од нормалниот систен со два меча“, кажа Чеферин.

Исто така, тој порача дека се консултира со соработниците пред да побара било каква промена на форматот на натпреварувањата.